Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Предавање на д-р Волф Ошлис, професор од Германија, на тема „Германски гласови за и против македонскиот јазик“

Филолошкиот факултет, УГД-Штип, Ве поканува да го проследите пленарното предавање на проф. д-р Волф Ошлис на 27.4.2018 г. (петок), со почеток во 10 ч., на Кампус 4. Предавањето ќе биде на македонски јазик.

Проф. д-р Волф Ошлис е еминентен политиколог и публицист од Германија, кој има објавено многубројни публикации за историјата, политиката, културата и јазикот на балканските земји, меѓу кои и на Македонија. Меѓу другото, тој го има преведено и објавено на германски јазик монументалното дело „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков.