Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

I Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“ (АНП 2018)

10 - 11 мај 2018 г. на Кампус 2 во Штип

Во изминатите десет години образовните, научноистражувачките и апликативните активности на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип дадоа голем придонес за развој на земјоделскиот сектор во Република Македонија и во поширокиот регион.

Земјоделскиот факултет го организира I Mеѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“ (АПС 2018), давајќи им можност на учесниците да презентираат и дискутираат оригинални научни и практични резултати во различни полиња на земјоделството.

I Меѓународно научно-стручно советување „Агронаука и пракса“ (АПС 2018) е организирано со намера да ги обедини сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми. Една од главните цели е да се направи мост и да овозможи силна комуникација помеѓу научноистражувачката и практичната работа во земјоделскиот сектор, како во нашата земја така и пошироко, со што ќе се добие меѓународна димензија.

Главна цел на Советувањето е да се поврзат и промовираат научните достигнувања и практичните знаења во дадените тематски области.

Со голема чест и задоволство Ве покануваме активно да учестувате во Советувањето.

Програма (.pdf)

Повеќе информации на линкот.