E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Ректорат
Ректоратот е седиште на Универзитетот, каде се сместени највисоките раководни тела - ректор, проректори, генерален секретар, како и административните оддели кои се во функција на работењето на единиците во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во просториите на Ректоратот е сместена конференциската сала во која редовно се одржуваат седниците и состаноците на највисоките органи на Универзитетот, односно Универзитетскиот сенат и Ректорската управа. Во состав на Ректоратот се наоѓаат: Одделот за сметководство, Одделот за јавни набавки, Одделот за човечки ресурси, Одделот за одржување и развој, Одделот за прв циклус на студии, Одделот за втор и трет циклус на студии, Центарот за обезбедување на квалитет и останати служби кои се поврзани со административната работа на Универзитетот.

Универзитетски органи и тела

Ректор
Ректорот е раководен орган на Универзитетот. Ректорот го претставува и го застапува Универзитетот во земјава и во странство, ја води меѓународната соработка на универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјава и во странство.
Проректори
Кабинетот за Проректори го сочинуваат: Проректор за настава, Проректор за развој , инвестиција и одржување и Референт на кабинет на проректорите.
Генерален секретар
Генералниот секретар на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ја организира, координира и контролира целокупната работа во Секретаријатот и Службата на Универзитетот и е одговорен за квалитетно, навремено и стручно извршување на работите во нив.
Ректорска управа
Ректорската управа ја сочинуваат: ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот.
Универзитетски сенат
Универзитетскиот сенат е орган на управување и стручен орган кој го сочинуваат претставници од единиците на Универзитетот и од студентите.
Комисии и работни тела
Комисија за наставна и научна дејност, Комисија за финансии, инвестиции и развој, Комисија за нормативна и издавачка дејност, Комисија за спорт и култура.