Search
|     contact@ugd.edu.mk

Ректорска управа

Ректорска управа на УГД

Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ е составена од Ректорот на Универзитетот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Универзитетско Студентско Собрание. Во работата на Ректорската управа учествува и генералниот секретар на Универзитетот, но тој нема право на одлучување. Ректорската управа ги извршува следните активности:

  • Подготвува и предлага акти и материјали за прашања за кои одлучува Сенатот;
  • Го утврдува и го објавува конкурсот за запишување на студиите од прв и втор циклус по претходна согласност од Владата на Република Македонија;
    Дава мислење за студиските програми на факултетите, односно високите стручни школи;
  • Избира и разрешува генерален секретар на Универзитетот, на предлог на Ректорот;
  • Донесува одлуки за тековната меѓународна соработка на Универзитетот;
  • Го уредува издавањето дипломи и други документи за завршени студии на високото образование;
  • Утврдува предлог за висината на кофинансирањето и партиципацијате на студентите на факултетите и високата стручна школа;
  • Одлучува за издавачката дејност на Универзитетот и врши и други работи определени со Статутот на Универзитетот.

Ректорската управа ја сочинуваат следните членови

 

Ред. бр.Име и ПрезимеОрганизациска единица
 Ректор 
1Проф. д-р Дејан МираковскиРекторат
 Проректори 
2Проф. д-р Зденка СтојановскаРекторат
3Проф. д-р Мишко ЏидровРекторат
4Проф. д-р Дарко ЛазаровРекторат
5Проф. д-р Ана Никодиновска-КрстевскаРекторат
 Генерален секретар 
6М-р Ристо КостурановРекторат
 Советник 
7М-р Кристина ЃорѓиевскаРекторат
 Декани 
8Проф. д-р Ацо ЈаневскиТехнолошко-технички факултет
9Проф. д-р Василија ШарацЕлектротехнички факултет
10Проф. д-р Ѓорѓи ДимовФакултет за природни и технички науки
11Проф. д-р Емилија АрсовЗемјоделски факултет
10Проф. д-р ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­Емилија Петрова ЃорѓеваФакултет за образовни науки
11Проф. м-р Златка МитеваМузичка академија
12Проф. д-р Луси Караниколова-ЧочоровскаФилолошки факултет
13Доц. д-р Сара СребренкоскаМашински факултет
14Проф. д-р Милка ЗдравковскаФакултет за медицински науки
15Проф. д-р Олга КошевалискаПравен факултет
16Проф. д-р Оливера Ѓорѓиева ТрајковскаЕкономски факултет
17Проф. д-р Петар НамичевЛиковна академија
18Проф. д-р Рисима Матевска Мијановиќ (Рисимкин)Филмска академија
19Проф. д-р  Сашо КоцескиФакултет за информатика
20Проф. д-р Татјана БошковФакултет за туризам и бизнис логистика
 Студент 
20Сара ДенковаУниверзитетско студентско собрание