Правила на користење на Универзитетска библиотека

 1. Студентите, наставничкиот кадар и научните работници имаат право бесплатно да ги користат основните видови на библиотечно-информациски услуги, согласно со Правилникот на Универзитетската библиотека.

 2. Библиотечниот фонд се користи:

- во читалниците на Библиотеката,

- со зајмување надвор од Библиотеката,

- со меѓубиблиотечно зајмување.

 3. Пристапот и користењето на библиотечниот фонд и читалницата се слободни за студентите на прв, втор и трет циклус на универзитетски студии и за вработените на Универзитетот, односно за сите членови на универзитетската заедница.

Библиотеката со читалницата е отворена за корисниците секој работен ден од 9 до 16 часот.

Студентите се зачленуваат со приложување на индекс.

Редовните студенти можат да го користат библиотечниот материјал надвор од просториите на Библиотеката со приложување членска карта, додека вонре­дни­те студенти со оставање на индекс или лична карта.

Студентите на Универзитетот имаат право во еден момент да користат до пет книги, кои треба да ги вратат најдоцна за 14 дена.

По дипломирањето, студентот е должен да го врати библиотечниот материјал во Библиотеката, при што му се издава потврда. Во спротивно на студентот не му се издава диплома.

 4. Корисниците на Библиотеката се должни да се придружуваат кон правилата на Кодексот на однесување на корисниците.