Кодекс на однесување на корисниците на Универзитетска библиотека

1

Вработените во Библиотеката имаат право да побараат од корисникот при влегувањето во Библиотеката да го покаже својот индекс или членска­та карта, како и при напуштање на Библиотеката на барање на библиотекарот да ги покаже книгите кои ги изнесува. Ако корисникот отсуствува од читалницата повеќе од еден час, вработениот во Библиотеката има право неговото седиште да го отстапи на друг корисник.

2

Корисниците се должни во Библиотеката, посебно во читалницата да одржуваат ред. Забрането е гласно зборување, пушење, пиење, јадење или на кој било друг начин да се вознемируваат другите корисници и да се прекинува нивното работење. Корисникот е должен да го исклучи мобилниот телефон при влегување во Биб­лиоте­ката.

3

Корисниците се должни кон библиотечниот материјал да се однесуваат совесно. Забрането е подвлекување, пишување забелешки, подвиткување или кинење листови и секакво друго оштетување на публикациите.

4

Корисниците се должни каталозите и другите средства за пребарување да ги користат совесно и внимателно. Забрането е секакво оште­тување и вадење на катало­шките картончиња од каталозите.

5

Корисникот е должен совесно да се однесува со компјутерите сместени во читалниците на Универзитетот. Компјутерите треба да се користат само за потребите на студиите и за научноистражувачката работа. На корисниците им се забранува инста­ли­рање, а со тоа менување на софтверските и хардверските конфигу­ра­ции. Не е дозво­ле­но пречење, оневозможување на рабо­та­та на другите кори­сни­ци и загрозување на ни­вна­та приватност при работењето.

6

Корисникот има право да даде сугестии, мислења и предлози за подобрување на услугите и комплетирање на фондот на Библиотеката со нови публи­кации и др. Истите ги доставува во писмена форма до библиотекарите.

7

Корисникот е должен да ја надомести штетата што ја направил врз кори­сте­ниот библиотечен материјал.

8

Кршењето на одредбите од Кодексот повлекува одговорност за која, во зависност од степенот на штетата, корисникот добива: опомена, привремена или трајна забрана за користење на услугите на Библиотеката.

Корисниците се должни да се придржуваат кон одредбите на овој Кодекс, што е во согласност со Правилникот за работа на Универзитетската библиотека.