Заверка на непарен и упис на парен семестар во учебна 2016/2017 година во електронскиот индекс

За студентите од студиските програми (генерации) започнувајќи од 2009/2010 година и за сите идни генерации, заверка на непарен и упис на парен семестар се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, заверка на непарен и упис на парен семестар се реализира на шалтер на студентска служба (со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испит(и), административна такса, како и физички пријави).

Согласно календарот на годишни активности терминот за заверка на непарен семестар во учебна 2016/2017 година е од 19.12.2016 до (заклучно со) 22.01.2017 (23:59 часот). 

Предуслови за заверка на непарен семестар се:

- Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);

- Проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);

- 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).

 

Согласно календарот на годишни активности терминот за упис на парен семестар во учебна 2016/2017 година е од 23.01.2016 до (заклучно со) 15.02.2017 (23:59 часот).  

Предуслови за упис на парен семестар:

- Заверен непарен семестар;

- Расположливи средства од: