Пријавување на испити во Февруарска двојна сесија 2017 година

За студентите од прв циклус на студии започнувајќи од студиска програма (генерација) 2009/2010 година и за сите идни генерации, пријавувањето на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од прв циклус на студии од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, пријавувањето на испити се реализира на шалтер на студентска служба со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испити, административна такса и физички пријави.

Термините за реализација на испити во Февруарска (двојна) испитна сесија се:

- Пријавување на испити: Од 12.01.2017 (00:00 часот), до (заклучно со) 25.01.2017 (23:59 часот),

- Полагање на испити:

         - Февруарска Прва сесија 2017 година: Од 25.01.2017 до (заклучно со) 05.02.2017, и

         - Февруарска Втора сесија 2017 година: Од 05.02.2017 до (заклучно со) 15.02.2017.

- Резултати од испити:

         - Февруарска Прва сесија 2017 година: Од 05.02.2017 до (заклучно со) 10.02.2017, и

          - Февруарска Втора сесија 2017 година: Од 15.02.2017 до (заклучно со) 20.02.2017

 

Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение: