Наставата во летниот семестар почнува на 20 февруари

Сите наставни центри и факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ со настава во летниот семестар започнуваат на 20 февруари. Наставата ќе се одвива редовно и според предвидениот распоред кој е истакнат електронски на веб-страницата на УГД.

Сите евентуални измени во распоредите студентите ќе ги следат на веб-страницата и на своите официјални студентски електронски адреси.

Уписот на парниот семестар трае до 15.2.2017 година и сите соопштенија поврзани со сервисните информации студентите можат да ги најдат онлајн.