Информација за уплата на финансиски средства за студентите од прв циклус на студии

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека уплата на финансиски средства за надоместоците за студирање на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип може да ги реализираат преку уплата на:

- класичен начин на шалтер во банка/пошта;

- електронски преку користење на опцијата за електронско плаќање со платежна картичка преку електронскиот индекс и

- со користење на терминалите за наплата на PayNet со уплата на физички банкноти во македонски денари (систем за брза наплата).

Провизијата за плаќање на надоместоците за студирање преку терминалите за наплата на PayNet изнесува:

- 10,00 денари од износот на трансакцијата за трансакции во висина до 500,00  денари;

- 20,00 денари од износот на трансакцијата за трансакции во висина од 501,00 до 1.000,00 денари, и

- 1% од износот на трансакцијата за трансакции во висина над 1.000,00 денари.

Евидентирањето на уплатите е во реално време односно во моментот кога е реализирано плаќањето на терминалот на PayNet, што му овозможува на студентот да располага со финансиските средства на својот електронски индекс веднаш по реализирање на уплатата. Оваа услуга е достапна 24 часа во денот.

Терминалите на PayNet се со високо ниво на безбедност и им овозможуваат на студентите брза и безбедна уплата на финансиските средства.

Повеќе детали околу локациите на терминалите има на следниов линк: www.paynet.mk/map

 

Собирање на потписи (парен семестар)
28.05.17

Се реализира (внесува) од страна на наставниот и соработничкиот кадар во електронскиот индекс. Важи само за редовни студенти.
- СП 2009/2010 и идни: Поставување на поени од предавања и вежби (со исклучок на предмети кои се со формат 0+0+X);
- СП 2007/2008, СП 2008/2009: Собирање на потписи во физички индекси.