Пријавување на испити во Априлска (дополнителна) сесија 2017 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за пријавување на испити во Априлска (дополнителна) сесија 2017 година.

За студентите од прв циклус на студии започнувајќи од студиска програма (генерација) 2009/2010 година и за сите идни генерации, пријавувањето на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од прв циклус на студии од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, пријавувањето на испити се реализира на шалтер на студентска служба со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испити, административна такса и физички пријави.

Термините за реализација на испити во дополнителната Априлска испитна сесија 2017 година се:

- Пријавување на испити: Од 03.04.2017 (00:00 часот), до (заклучно со) 09.04.2017 (23:59 часот),

- Полагање на испити: Од 10.04.2017 до (заклучно со) 19.04.2017, и

- Резултати од испити: Од 20.04.2017 до (заклучно со) 24.04.2017.

Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение: