Известување за нов начин за администрација на студентската пракса преку е-индекс / издавање на упатница, нејзина верификација и враќање на студентски прашања

 

Се известуваат студентите од прв циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип дека почнувајќи од лето 2016/2017 (пракса која е услов за упис на повисока студиска година во учебна 2017/2018 година), почнува да се применува нов начин за издавање и процесирање на упатницата за реализација на студентската пракса, што е услов за упис на повисока студиска година, целосно преку е-индекс:

- Креирање на запис во електронскиот индекс (со сите потребни информации), генерирање на документот и печатење од страна на самиот студент;

 - Реализација на праксата во избраната компанија и верификација на упатницата и пополнетиот (од страна на студентот) дневник за пракса од страна на одговорното лице во компанијата, и

 - Приложување на верифицираната упатница (со потпис/печат од компанијата) на студентски прашања заради складирање во досието и регулирање на исполнетиот услов за упис на повисока студиска година во еиндекс, како и приложување на верифицираниот дневник за пракса кај менторот на ниво на факултет (продекан за настава).

Напомена: возможно е генерирање на упатница и за претходните учебни години, доколку студентот во моментот не располага со документација за реализирана пракса во минатото. 

 Потребните чекори се дадени во следното УПАТСТВО.

 

Собирање на потписи (парен семестар)
28.05.17

Се реализира (внесува) од страна на наставниот и соработничкиот кадар во електронскиот индекс. Важи само за редовни студенти.
- СП 2009/2010 и идни: Поставување на поени од предавања и вежби (со исклучок на предмети кои се со формат 0+0+X);
- СП 2007/2008, СП 2008/2009: Собирање на потписи во физички индекси.