Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” - Скопје е високообразовна и научноистражувачка установа во областа на одбраната, како поширока научна област на општествените науки, посебно во делот на воените и воено-техничките науки, управувањето со кризи и заштитата и спасувањето. Во неа се реализира образование и стручно и професионално усовршување на кадри за потребите на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Центарот за управувањето со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Студиските програми на Воената академија на студентите им овозможуваат стекнување на вештини, знаења и способности што ќе ги оспособат стручно и професионално да одговорат на сите современи безбедносни предизвици.

 
 

Контакт:

 

Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“
Ул: Васко Каранѓелевски бб
1000, Скопје
Македонија 

 

Телефон: +3892 382 3603    

 E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Факс: +3892 316 2327