Трошоци на студирање

Школарината за странските студенти за учебната 2016/2017 година изнесува 500 евра (во денарска противвредност) за еден семестар на сите единици на Универзитетот, освен на Факултетот за медицински науки, каде што школарината за еден семестар изнесува 750 евра (во денарска противвредност), како и 100 евра (во денарска противвредност) за лабораториски трошоци, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка.

Во оваа категорија влегуваат и кандидатите - странски државјани чии родители или, пак, тие работат во дипломатските претставништва во Република Македонија.