Услови за запишување

Запишување на УГД

Сите заинтересирани идни студенти од странство кои сакаат своето понатамошно школување да го продолжат на УГД се добредојдени. Процедурата на запишување за странските студенти е едноставна, но потребно е навремено планирање за да биде завршена брзо и ефикасно. Приемот на студенти е преку отворен конкурс што секоја година го објавува Министерството за образование и наука на Република Македонија. Постојат три уписни рокови објавени во Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на кои идните странски студенти можат да се пријават.

Дополнителни елементи што треба да се земат предвид кога странскиот студент планира да аплицира на УГД се: услов за познавање на македонски јазик, признавање на странска диплома од страна на МОН, исполнување на условите за упис на студиските програми на УГД, како и добивањето на привремена дозвола за престој во Република Mакедонија.

Странските студенти кои сакаат да се запишат на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип треба да ги исполнат следниве услови:

  • завршено четиригодишно средно образование;

  • решение од МОН за признавање на дипломата од средно образование;

  • сертификат за познавање на македонски јазик А1 и А2 ниво или потврда за познавање на македонски јазик за државјаните од балканските држави;

  • дозвола за привремен престој во Република Македонија.

Деталите во врска со наведените услови можете да ги најдете во Водичот за странски студенти.

Напомена: Студенти кои се странски државјани не можат да бидат запишани како вонредни студенти на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

ВОДИЧ ЗА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ (.pdf)

Документи што треба да се поднесат во АМБАСАДАТА на РМ

Документи што се потребни во МВР за регулирање на привремен престој во РМ