Една од главните активности што се промовираат и се поддржуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“ е и истражувањето, како единствен начин за напредок и иновирање. Во таа насока, создадени се одлични услови и можности за научно-истражувачка работа на УГД преку отворање и опремување на најсовремени центри и лаборатории и основање на Универзитетски научен фонд преку кој се достапни мали грантови за истражување. Дополнително, истражувачката активност е воведена како клучен критериум за промоција на вработениот научно-наставен кадар.
Фонд за научно-истражувачка работа
Со цел подигање на нивото на научно-истражувачката работа, зголемување на истражувачката компетитивност на вработените, како и зголемување на бројот на научни публикации во индексирани списанија и подигање на нивото на истражувачките капацитети, зголемување на бројот на докторанди и зголемување на бројот на истражувачи, Универзитетот „Гоце Делчев“ има формирано специјален Фонд за научно-истражувачка работа, со кој од сопствени средства финансира истражувања и проекти на своите вработени.
На овој начин УГД се стреми да биде модерен, европски и научно профилиран универзитет, со јасни определби за зголемување на нивото на знаењето што потекнува од Универзитетот и неговото споделување со општеството и бизнисот. Повеќе информации за Фондот за научно истражувачка работа се достапни на:
Научно-истражувачки центар
Универзитетот „Гоце Делчев“ посветува еднакво внимание на наставниот и научниот процес, водејќи се од идејата дека само со примената на науката во наставата и обратно ќе се постигне соодветен образовен процес, ќе се развива академското знаење и ќе се продуцираат стручни високообразовани кадри, кои ќе можат да одговорат на новите предизвици во областите во кои се образуваат и понатаму градат професионална кариера. Најголемите академски вредности се темелат на научните активности, се развиваат индивидуалните квалитети и се создаваат интелектуалци, кои се иднината на едно општество.
Поради тоа, научните истражувања на Универзитетот често се темелат на индивидуални проекти, кои се поддржани од универзитетски фондови и преку кои се динамизира научната и истражувачката активност, а во работата на проектите доста често се вклучуваат и студенти. Дополнително, студентите се мотивираат и преку разни награди и признанија, а финансиски се поддржуваат и одредени програми од втор и трет циклус. Повеќе на оваа тема можете да се информирате на:
Канцелариј за научна соработка и проекти
Во рамките на УГД успешно функционира и Канцеларијата за научна соработка и проекти, која има примарна задача да ги следи повиците за поднесување на проекти за финансирање од различни програми и да ги информира заинтересираните во рамките на Универзитетот, а ги проследува и повиците за учество на конференции, симпозиуми и семинари.
Канцеларијата активно учествува во координацијата на тимот за научно-истражувачките проекти, при што помага при изработката на проектната документација, ја следи реализацијата од позициите на проектот и поднесува извештај за степенот на реализација. Канцеларијата има и административна улога во водењето на евиденција на научно-истражувачките лаборатории, проекти и трудови објавени во списанија со импакт фактор. Информирајте се повеќе за работата на Канцеларијата за научна соработка и проекти на:
Конференции, семинари, работилници
Покрај поттикнувањето и промовирањето на наставната и научната работа, една од главните цели на Универзитетот „Гоце Делчев“ е и споделувањето на добиеното знаење со повеќе засегнати страни, како и размената на знаење, идеи и искуства со останатите научни институции и бизнис заедницата.
Универзитетот оваа цел ја постигнува преку постојано и активно организирање настани од типот на конференции, семинари и работилници од различни области, на кои се разговара за актуелни теми и достигнувања и се отвораат нови прашања за разгледување, во кои се вклучени сите релевантни страни.
Дознајте повеќе за сите организирани настани на
Е-репозиториум и Е-журнали
Сите научни трудови, резултати од истражувања и научни тези од академски кадар на УГД, се прикачуваат и се систематизираат во електронска база на податоци наречена УГД Академски репозиториум, каде што може во секое време да се добие пристап до нив. Трудовите прикачени во репозиториумот се индексирани и од Google Scholar, со што добиваат и меѓународна видливост.
Напоредно со репозиториумот, Универзитетот има и сопствени публикации на меѓународни и домашни научни списанија од повеќе научни области кои се објавуваат во системот на УГД Журнали, кој е од отворен тип (Open Access). Во списанијата на УГД журнали, покрај академскиот кадар и студентите на УГД, трудови и научни истражувања можат да објавуваат и други научни работници од земјата и од странство.
Трудовите прикачени на УГД Репозиториум се достапни на:
Публикациите објавени во УГД Журнали се достапни на:
Лаборатории
Научно-истражувачката дејност при УГД се одвива во современи и модерно опремени лаборатории, кои ги овозможуваат најдобрите услови за истражување и иновирање. Во рамките на Универзитетот, функционираат 9 лаборатории, кои покриваат различни области, а дел од нив нудат и комерцијални услуги. Сите лаборатории имаат имплементирано меѓународно признати стандарди за квалитет и во своето работење користат современи и проверени методи на работа.
Информирајте се дополнително за лабораториите на:
Школа за докторски студии
Високообразовната дејност од трет циклус на докторски студии на УГД се организира преку Школата за докторски студии, каде што кандидатите се подготвуваат за самостојна научно-истражувачка работа, а по завршувањето на студиите се стекнуваат со највисок степен на образование и звање доктор на науки.
Студиските програми се распределени во три пошироки научно-истражувачки области, и тоа, (1) техничко-технолошки, биотехнички и природно-математички науки, (2) медицински науки и (3) општествени и хуманистички науки.
Детални информации за Школата за докторски студии се дoстапни на: