Search
|     contact@ugd.edu.mk

Наука

Универзитетот „Гоце Делчев“ од самото свое основање интензивно вложува во создавање на модерни и комплетни услови за научно-истражувачка работа што ќе ги задоволи потребите и на академската заедница, но и на бизнис заедницата која, има потреба од модерни ресурси, технологии и иновативни решенија.

За таа цел, УГД располага со модерно опремени лаборатории и центри кои ја сочинуваат инфраструктурата што ја прави возможна научно-истражувачката активност, а академското знаење и образование се спроведува преку достапните програми за трет циклус на докторски студии во различни области.