Search
|     contact@ugd.edu.mk

Спортскиот и културен центар на УГД со многу можности за студентите и вработените

Споделете

Спортскиот и културен центар на УГД во континуитет им нуди различни рекреативни и спортски активности на студентите, но и на вработените на Универзитетот.

Последно од низата настани е хајкинг тура на Дуфскиот водопад во с. Ростуше и Мавровско Езеро. Оваа тура ја посетија преку 100 студенти и вработени, а се организираше како дел од одбележувањето на 17 години Универзитет „Гоце Делчев“.

Покрај ова, неделава започнаа и студентските државни лиги во кошарка, одбојка, куглање и стрелаштво. Натпреварите во куглање веќе се одржаа во кугланата „Мусандра“ во Скопје.

Спортскиот центар им нуди и можност за учество во различни трки и маратони. Традиционалното учество на „Виз Еир маратонот“ е исто така можност за студентите и вработените. Годинава на календарот се и трката „Авицена“ во Скопје, која се одржува следниот викенд, а од оваа година УГД учествува и на „Супериор ранс“ трката во Штип.

Пријавувањето за учество во овие активности е на електронска пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk