Врз основа на член 54, 63, 64, 131, 133, 134  и 135 од Законот за високото образование, 

 член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи на

    Република Македонија

 

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“-ШТИП

Распишува

  КОНКУРС

за избор на наставници и соработници на единиците во состав на Универзитетот

 

 

  1. 1.   ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

1.1  Наставник во сите звања за наставно-научната област:

-Електротехника и Електроенергетика  - (1 извршител) за време од пет години

         2.   ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

2.1 Наставник во сите звања за наставно-научната област:

         -Трудово право - (1 извршител) за време од пет години

         3.   МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

3.1 Асистент за научната област:

-Енергетско и процесно машинство и Термотехника и термотехнички алати и постројки

- (1 извршител) за време од три години

3.2 Помлад асистент за научната област:

-Автоматика - (1 извршител) за време од три години

  1. 4.     ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ

4.1  Наставник во сите звања за наставно-научната област:

-Градинарство-(1 извршител) за време од пет години

4.2  Наставник во сите звања за наставно-научната област:

-Земјоделско инженерство-(1 извршител) за време од пет години

4.3  Наставник во сите звања за наставно-научната област:

-Физиологија на растенијата-(1 извршител) за време од пет години

4.4  Наставник во сите звања за наставно-научната област:

-Генетика и селекција на растителното производство- (1 извршител) за време од пет години

  1. 5.     ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

5.1 Наставник во сите звања за наставно-научната област:

-Клиничка психологија и Развојна психологија - (1 извршител) за време од пет години

  1. 6.     ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

6.1 Наставник во насловно звање Вонреден професор за наставно-научната област:

-Урологија - (1 извршител) за време од пет години

6.2 Наставник во насловно звање Доцент за наставно-научната област:

-Физикална медицина со принципи на рехабилитација - (1 извршител) за време од пет години

6.3 Наставник во насловно звање Доцент за наставно-научната област:

-Клиничка биохемија - (1 извршител) за време од пет години

6.4 Наставник во насловно звање Доцент за наставно-научната област:

-Медицинска биохемија - (2 извршители) за време од пет години

6.5 Асистент (специјалист) за научната област:

         - Интерна медицина - (4 извршители) за време од три години

6.6 Асистент (специјалист) за научната област:

         - Ортопедски болести - (5 извршители) за време од три години

6.7 Асистент (специјалист) за научната област:

- Физикална медицина со принципи на рехабилитација - (3 извршители) за време од три години

6.8 Асистент (специјалист) за научната област:

- Медицинска биохемија - (2 извршители) за време од три години

6.9 Асистент (специјалист) за научната област:

- Неврологија - (1 извршител) за време од три години

6.10 Асистент (специјалист) за научната област:

- Радиологија - (1 извршител) за време од три години

6.11 Асистент (специјалист) за научната област/поле:

- Хирургија - (1 извршител) за време од три години

6.12 Асистент (специјалист) за научната област:

- Педијатрија - (1 извршител) за време од три години

6.13 Асистент (специјалист) за научната област:

- Трансфузиологија - (1 извршител) за време од три години

 

Критериуми за избор:

         -Кандидатите за избор во наставно-научни и насловни звања на факултетите треба да имаат прв, втор и трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот, да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 124, 125 односно член 142 за избор во насловно звање од Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Универзитетски гласник бр. 26/2013).

         -Кандидатите за избор во соработничко звање помлад асистент/асистент треба да имаат завршено прв и втор циклус академски (магистерски) студии од научната област за која се врши изборот, да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи и условите наведени во Правилникот за критериумите и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Универзитетски гласник бр. 26/2013).

         -Кандидатите за избор во соработничко звање асистент (специјалист) на Факултетот за медицински науки треба да имаат завршено академски циклус во траење од 360 кредити од соодветното подрачје или специјализација од областа на медицината за клиничките предмети според Законот за здравствена заштита, да имаат три години работно искуство по стекнувањето со 360 кредити или по магистрирањето/специјализацијата или еден мандат како помлад асистент, да се служи со еден од странските јазици, како и да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи и условите наведени во Правилникот за критериумите и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Универзитетски гласник бр. 26/2013).

         -Кандидатот кој ќе биде избран за асистент (специјалист) на Факултетот за медицински науки (од точка 6.5 до точка 6.13), ќе го задржи работното место во здравствената установа во која е вработен, а согласно договор ќе обавува настава на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип (член 133 од Законот за високото образование).

Распоред на работно време и плата:

-Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.

-Неделно работно време-40 работни часа (од понеделник до петок)

-Основна нето плата за:

Доцент-37.052,00 ден.; Вонреден професор-42.484,00 ден.; Редовен професор-49.015,00 ден.

На асистент кој прв пат засновува работен однос на Универзитетот во период од 12 месеци му се исплаќа 21.667, 00 денари, а по истекот на 12 месеци 29.435,00 ден. (за веќе вработените-29.435,00 ден.); На помлад асистент  кој прв пат засновува работен однос на Универзитетот во период од 12 месеци му се исплаќа 21.064,00 денари, а по истекот на 12 месеци 26.202,00 ден. (за веќе вработените-26.202,00 ден.); Асистент (специјалист)-400,00 ден./час; Насловен доцент-700, 00 ден./час, Насловен вонреден професор-800, 00 ден./час.

Потребни документи за кандидатите за избор во наставни, наставно-научни и соработнички звања:

-пријава;

-диплома за завршено соодветно образование - за одбранет магистерски/докторски труд          (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);

-кратка биографија (во четири примероци);

-потврда дека се служи со еден од светските јазици;

-список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите во оригинал-доколку такви има);

-еден примерок од магистерски/докторски труд         

-уверение за државјанство;

         Конкурсот трае 5 работни дена од денот на објавувањето.

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот).

Документите се доставуваат до архивата на Ректорска управа на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип  

ул. „Крсте Мисирков“ –бр 10А   Штип.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат

Информации на тел:  032 550 046