Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 г. Првата конститутивна седница на Универзитетскиот сенат е одржана на 28.06.2007 г., во амфитеатарот на Педагошкиот факултет и Факултетот за рударство, геологија и политехника.

Во присуство на државниот секретар за образование г. Перо Стојановски и дел од членовите на матичната комисија на Универзитетот „Гоце Делчев“, претставници од студентите, професори и асистенти, како и граѓани на град Штип, Универзитетскиот сенат донесе едногласна одлука за избор на ректор на Универзитетот да биде проф. д-р Саша Митрев редовен професор на Земјоделскиот факултет, за мандатниот период јуни 2007 – јуни 2011 година. На истата седница се избра и проф. д-р Душан Тодоровски вонреден професор на Педагошкиот факултет за прв претседател на Универзитетскиот сенат.

Ректорската управа својата прва редовна седница ја одржа на 11 јули 2007 година.

  • Членови на граѓанската иницијатива за отворање на УГД
  • Членови на матична комисија
  • Членови на ректорска управа
  • Членови на Универзитетски сенат

 

Универзитетот „Гоце Делчев“  започна со 7 факултети и една висока школа, и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет, Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа.

Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 (шест) нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошки факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.

Во првата студиска година на Универзитетот се запишаа 1300 студенти.