Нашата мисија е создавање и пренесување на знаењата за обезбедување на социјална и економска благосостојба и напредок на општеството, подготвување на студентите за занимања во кои е потребна примена на научни откритија и стручни знаења, културна и јазична разновидност, поттикнување на технолошкиот развој, развој на уметностите, техничката култура и спортот. Промовирање и  развивање на научните дисциплини застапени во студиските програми, согласно со потребите на регионот и државата. Зачувување и градење на достоинството на професијата, развивање и унапредување на моралните вредности на академската заедница, промовирање на знаењето како вредност и свеста за одговорноста на Универзитетот како институција на највисоките човекови вредности.

Наши парадигми се: студентот во центарот на вниманието, индивидуален пристап кон студентот, зголемен степен на интерактивност во наставата.