проф.д-р Блажо БоевРекторот е раководен орган на Универзитетот. Ректорот го претставува и го застапува Универзитетот во земјава и во странство, ја води меѓународната соработка на универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјава и во странство.

Ректорот ја предлага внатрешната организација на Универзитетот, управува со имотот на Универзитетот и се грижи за неговото одржување.

Ректорот во рамките на раководењето со Универзитетот ја усогласува високообразовната, уметничката, научноистражувачката и применувачката дејност на Универзитетот.

Ректорот ги свикува седниците на Сенатот и Ректорската управа и претседава со нив. Промовира доктори на науки, доделува награди на Универзитетот.

Ректорот е должен најмалку еднаш во годината до Сенатот и основачот да поднесува извештај за својата работа и за работата на Универзитетот. Ректорот е одговорен за законитоста и статутарноста на работата на Универзитетот и на единиците во неговиот состав.

Контакт:

Ректор: проф.д-р Блажо Боев             

 

Телефон: +389 32 550 002    

   

 E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Факс: +389 32 390 700


Раководител на кабинет на ректор:

 

Милкица Панева

Телефон: +389 32 550 002

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Факс: +389 32 390 700