УНИ-СЕРВИС ДООЕЛ - Друштво за производство, трговија и услуги на Универзитетот

Во склоп на Уни-сервис ДООЕЛ - Штип работат следниве подружници:

  1. Универзитетски ресторан - каде што во современ амбиент можат да се вкусат секакви специјалитети и традиционални јадења, воедно и место каде што студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика (насока Гастрономија, исхрана и диететика) можат да ја изведат својата практична настава.

  2. Студентско бифе - Кампус 2 , модерно катче за одмор, дружба и освежување на студентите за време на пауза.

  3. Студентско бифе - Ректорат.

  4. Шест универзитетски книжарници, распоредени во скоро сите наставни центри:

  • книжарница Кампус 1 (се наоѓа на Факултетот за образовни науки);

  • книжарница Кампус 2;

  • книжарница Кампус 3 (се наоѓа на Економски факултет);

  • книжарница Кампус 4;

  • книжарница во Наставен центар во Струмица;

  • книжарница во Наставен центар во Кочани.

Во универзитетските книжарници се врши продажба на документи за студирање и на стручна литература, фотокопирање, печатење, укоричување итн. за потребите на студентите и на наставничкиот кадар.