Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Повик за пријавување за студентите на трет циклус студии за учество на Докторски семинар

ПОВИК за пријавување за студентите на трет циклус студии за  учество на Докторски семинар, Јавна одбрана на пилот-истражувачки труд и работилници.

Се повикуваат студентите на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на Медицински науки и Здравство,  да поднесат Пријави за учество на Докторски семинар, Јавна одбрана на пилот-истражувачки труд и Работилници.

Докторски семинар и Јавна одбрана на пилот-истражувачки труд ќе се одржат на  19.11.2019г. со почеток во 10,00 часот и на 17.12.2019г. со почеток во 10,00 часот.

Работилниците ќе бидат на теми:

1.„Методи за детекција и евалуација на генотоксичност“, одговорни наставници  за активностите на работилницата се од проф.д-р Татјана Рушковска и проф.д-р Невенка Величкова. Работилницата е вреднувана со 5 ЕКТС кредити, 150 часови вкупна оптовареност на студентот.  

2.„Когнитивно–бихејвиоралните психотерапии во третманот на псотрауматското стресно растројство„ одговорен наставник  за активностите на работилницата е од проф.д-р Ленче Милошева. Работилницата е вреднувана со 5 ЕКТС кредити, 150 часови вкупна оптовареност на студентот.  

3.„Примена на волтаметрија за студирање на кинетика на ензиматски реакции и интеракции на лекови“ Одговорен наставник  за активностите на работилницата е проф.д-р Рубин Гулабоски. Работилницата е вреднувана со 5 ЕКТС кредити, 150 часови вкупна оптовареност на студентот.  

4.„Алтернативни мандибуларни анестезии“ Одговорен наставник  за активностите на работилницата е проф.д-р Цена Димова. Работилницата е вреднувана со 5 ЕКТС кредити, 150 часови вкупна оптовареност на студентот.  

Датумот за одржување на работилниците ќе го соопштат одговорните наставници.

Образецот за пријавување е достапен на следниов линк: ОНУ.ОБ.57 Пријава за учество на докторски семинар.

Напомена: Во пријавата да се нагласи за која активност се пријавувате.
Објавено на web: 28.10.2019г.                             

Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
Наставно- научен совет на ДС на К 3
Претседател:
Проф.д-р Татјана Рушковска, с.р.