Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2020 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за заверка на парен семестар во учебна 2019/2020 година и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2020 година.

Терминот за заверка на парен семестар во учебна 2019/2020 година е од 23.05.2020 до (заклучно со) 15.06.2020 (23:59 часот).

Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за предметите од тековниот семестар. Согласно тарифникот за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.

Терминот за реализација на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2020 година е:

Пријавување на испити: Од 25.05.2020 (00:00 часот), до (заклучно со) 31.05.2020 (23:59 часот).

Полагање на испити:

    - Јунска Прва сесија 2020 година: Од 08.06.2020  до (заклучно со) 26.06.2020 и

    - Јунска Втора сесија 2020 година: Од 29.06.2020 до (заклучно со) 17.07.2020.

Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение: