Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Известување за нов начин за администрација на барања од студенти преку е-индекс

Се известуваат студентите од прв циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип дека почнувајќи од учебна година 2018/2019 почнува да се применува нов начин за поднесување и процесирање на барањата од студентите целосно преку е-индекс за кои е потребно одобрување од повисока инстанца како следните типови на барања:

- Барање за префрлување од друг Универзитет;

- Барање за префрлување помеѓу факултети во УГД;

- Барање за префрлување помеѓу оддели / насоки / студиски програми во УГД;

- Барање за признавање на испити;

- Барање за поврат на средства уплатени од студент, и

- Било кој друг тип на барање за кое некоја инстанца (ННС, Комисија, Кабинет на Ректор или др. нешто одлучува).

Потребните чекори се дадени во упатството за користење и тоа:

  • За тековни студенти во рамките на делот „Документи“ во е-индекс,
  • За студентите кои се префрлуваат од друг Универзитетот во рамките на системот за е-пријава.