Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Продолжен рок за упис на непарен семестар во учебна 2018/2019 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека рокот за упис на непарен семестар во учебна 2018/2019 година е продолжен и ќе трае заклучно со 10.10.2018 година.

Студентите од генерациите 2007/2008 и 2008/2009, овие активности ќе може да ги реализираат на шалтер  на студентска служба.

Во прилог е легенда на потребните уплати за сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен (1, 3, 5, 7, 9 и 11) по прв пат, втор пат, трет пат или повисок пат.

 

Во прилог е легенда на потребните уплати за упис на апсолвентски семестар во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање.

Потребни кредити за упис на повисок непарен семестар:

  • За упис на 3-ти семестар се потребни минимум 36 кредити;
  • За упис на 5-ти семестар се потребни минимум 90 кредити;
  • За упис на 7-ми семестар се потребни  минимум 150 кредити;
  • За упис на 9-ти семестар се потребни минимум 210 кредити, и
  • За упис на 11-ти семестар се потребни 270 кредити.