Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Известување за настава спорт и рекреација Струмица

 

Се известуваат студентите од прва година на Eкономски факултет, Земјоделски факултет, Филолошки факултет, Машински факултет и Правен факултет – Струмица дека наставата по предметот Спорт и рекреација ќе започне на 15.11.2018 година (четврток).

Истата ќе се реализира во  спортска сала „Парк“ во следниве термини:

Понеделник: 15.30 – 16.30 часот

Четврток:        15.30 – 16.30 часот

Петок:              15.30 – 16.30 часот

          Распоредот по групи ќе биде одреден на првиот час во договор со одговорниот наставник. Покрај активностите во сала, студентите ќе посетуваат задолжителни две активности во природа. Местото и времето на реализација на истите ќе биде договорено дополнително.

Наставата ќе ја реализира дипл. проф. по физичка култура м- р Виктор Баџуков.

Напомена:

  • Студентите потребно е да бидат во спортска опрема и да носат чисти патики.
  • Присуството на наставата е задолжително за сите редовни студенти во прва година
  • За сите прашања поврзани со реализацијата на предметот, студентите може да се обратат кај одговорниот наставник или да пишат на е – маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Универзитетски спортски и културен центар

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип