Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Апсоловентска вечер - УГД

Почитувани апсолвенти,

Ве известуваме дека aпсолвентските вечери ќе се одржат на 27 мај 2019 година и на 30 мај 2019 година, според следниов распоред:

27.5.2019 г. - Филолошки факултет, Факултет за медицински науки и Правен факултет;

30.5.2019 г. - Економски факултет, Факултет за туризам и бизнис логистика, Факултет за информатика, Земјоделски факултет, Факултет за природни и технички науки, Технолошко-технички факултет, Машински факултет, Ликовна академија, Музичка академија, Филмска академија.

Пријавувањето е во просториите на ресторан „Астибо плаза“ во периодот од 15 април до 17 мај 2019 година од 7.30 до 14.30 часот, од понеделник до сабота.

Цената за апсолвентска вечер чини 890,00 денари, со вклучени:

Предјадење

  • ладен ордевер (сирење, крем салата, кулен, чајна, кашкавал, пилешка шунка, димено пилешко филе, маслинка, рукола);                         
  • зелена сезонска салата (зелка, морков, цвекло, домат, краставица, маслинка);
  • пирошка.

 

Главна вечера

  • печено свинско со сос со печурки и пилешки стек;
  • гарнир (ориз и мешан зеленчук);
  • леб.

Десерт

Пијалак

  • вино (кабарнет совињон, шардоне - ризлинг, розе)
  • пиво
  • газирани и негазирани сокови
  • газирана и негазирана вода
  • жесток пијалак (коњак, узо, жолта лозова, џин, вотка).

За вашето добро расположение ќе се погрижат „Бани и Бајабо бенд”.

Во цената е вклучена и влезница за ноќен клуб „Clique“.

Ги молиме студентите да го почитуваат рокот за пријавување!

Контакт: Вања 078/703-444 или во просториите на „Астибо плаза“