E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Информации за студирање на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

  • Статус на студент и режим на студирање на Универзитетот

    Статусот студент се стекнува со запишување на Универзитетот. Запишувањето на универзитетот се врши врз основа на јавен конкурс што го објавува универзитетот. Студентите може да се запишат на Универзитетот како редовни во државна квота, со кофинансирање или како вонредни студенти, согласно условите предвидени во конкурсот. Универзитетот го запишува студентот како вонреден студент врз основа на доставена изјава, во која студентот треба да ја наведе причината поради која бара да се запише со статус на вонреден студент. Основана причина да се стекне статус на вонреден студент на Универзитетот се смета: заснован работен однос, склучен договор за професионален спортски или културен ангажман, инвалидитет што го оневозможува студентот да посетува наставата, потешка долготрајна болест, статус на родител на дете што е на породилното отсуство. Вонредни студенти се запишуваат според истите услови и критериуми како и редовните студенти, а се рангираат на посебна ранг-листа. Статусот на студент создава права и обврски за студентот, кои што се уредуваат со договорот за уредување на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно образовниот процес, склучен помеѓу универзитетот и студентот како договорни страни:

    1) договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес за редовни студенти во државна квота;

    2) договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес за редовни студенти со кофинансирање;

    3) договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес за вонредни студенти).

  • Организација на наставата на Универзитетот

    Студиската година се организира во два семестра: зимски и летен.

    Наставата во зимскиот семестар започнува во третиот понеделник од септември и трае 19 недели при што: 12 недели студентите посетуваат континуирана настава, плус 7 недели за самостојна подготовка и полагање (колоквиуми и завршни испити).

    Заверувањето на зимскиот и запишувањето на летниот семестар (и зимскиот одмор) траат две недели.  Наставата во летниот семестар започнува во третиот понеделник од февруари и трае 19 недели при што: 12 недели студентите посетуваат континуирана настава, плус 7 недели за самостојна подготовка и полагање (колоквиуми и завршни испити).

    Студентот чие образование го финансира државата може истата студиска година да ја повтори само еднаш. Ако во наредната академска година не го стекне правото за запишување на повисока година на студии, го губи статусот на студент чие образование го финансира државата, но има право повторно да ја запише истата година со статус на студент кој самостојно ги поднесува трошоците на студирање.

    Студентите чие образование го финансира државата, го задржуваат статусот (студент чие образование го финансира државата) најдолго за времето кое е за два пати подолго од пропишаното времетраење на студиите, односно до крајот на академската година во кој тој рок истекува. Со истекот на тој рок студентот ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање).

    Студентот чие образование го финансира државата може истата студиска година да ја повторува само еднаш. Ако во наредната академска година не го стекне правото за запишување на повисока година на студии, го губи статусот на студент чие образование го финансира државата, но има право повторно да ја запише истата година во статус на студент кој самостојно ги поднесува трошоците на студирање.

    Студентите кои се: без родители, слепи, глуви, инвалиди од прва и втора група, мајки со деца до шестгодишна возраст и хоспитализирани имаат право на полагање на испити во дополнителни испитни рокови, најмалку двапати во текот на годината.

    Студентите ги пријавуваат предметите кои сакаат да ги слушаат и да ги полагаат во следната студиска година, три недели пред почетокот на наставата во зимскиот семестар, а за првата студиска година по запишувањето на семестарот и поднесувањето на семестрален лист. Изборот на предметите студентите го вршат до 30 ЕКТС студиски кредити оптоварување за семестар, и 60 ЕКТС студиски кредити за академската година.

    Услов за полагање на завршен испит е студентот да освоил кумулативно минимум 42 поени вкупно од предиспитните активности.  Доколку студентот не освои кумулативно 42 поени од сите предиспитни активности го презапишува предметот наредната година повторно, без признавање на старите предиспитни активности.  Доколку студентот освои кумулативно 42 поени од сите предиспитни активности, не го презапишува предметот наредната година, и му се признаваат старите предиспитни активности.  

  •  
  • Запишување и заверка на семестар на единиците во рамки на Универзитетот

    Заверувањето на семестарот и годината е задолжителна за сите студенти.

    Врз основа на заверувањето на семестарот и годината се утврдува колку ЕКТС студиски кредити освоил студентот.  На студентот ќе му се завери семестарот доколку тој во индексот има потпис од предметните наставници за сите семестрални предмети. На студентот кој нема потпис за сите семестрални предмети од предметните наставници, може да му се завери семестар под услови утврдени со одлука на Ректорската управа.

    Студентот може да запише нареден семестар доколку му е заверен претходниот семестар.  Роковите во кои се заверува и се запишува семестар и година се утврдуваат во студентскиот календар (календарот е достапен на е-патформата на Униерзитетот).

    Студентите кои во прва година ќе освојат најмалку 36 ЕКТС студиски кредити може да запишат втора година (трети и четврти семестар) на студии.

    Студентите кои во прва и втора година ќе освојат најмалку 90 ЕКТС студиски кредити можат да запишат трета година (пети и шести семестар) на студии.

    Студентите кои во прва, втора и трета година ќе освојат најмалку 150 ЕКТС студиски кредити можат да запишат четврта година (седми и осми семестар) на студии.

    Студентите кои во прва, втора, трета и четврта година ќе освојат најмалку 210 ЕКТС студиски кредити можат да запишат петта година (деветти и десетти семестар) на студии.

    Студентите кои во прва, втора, трета, четврта и петта година ќе освојат најмалку 270 ЕКТС студиски кредити можат да запишат шеста година (единаесетти и дванаесетти семестар) на студии.

  •  
  • Продолжување на студиите после прекинување на студирањето

    Студент кој нема да ја запише наредната студиска година кога има услов за запишување на наредна студиска година, или не ја презапише истата студиска година кога нема услов за запишување на наредна студиска година, или не го активира мирувањето на студиите кое му е одобрено на одреден временски период, ќе се смета дека настапило прекинување на студиите.

    По прекинот на студиите студентот може да ги продолжи студиите по студиската програма на која се запишал.

    За продолжување на студиите студентот поднесува барање по кое одлучува Наставно-научниот совет на едницата, односно факултетот.  Против одлуката студентот може да поднесе приговор до Наставно-научниот совет на едницата, односно факултетот, за повторно преиспитување на одлуката.

  •  
  • Истовремено студирање на две студиски програми (Паралелно студирање)

     Студентите на универзитетот имаат право паралелно да студираат на две одделни студиски програми од прв циклус на студии, на една или на повеќе високообразовни установи. Студентите се ослободени од плаќање на трошоците за студирање на втората, и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан доколку:

    - првата студиска програма ја има успешно завршено на првата академска година и ја завршува секоја наредна академска година со просек на оценките над 9 и

    - втората и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан е од научното подрачје на биотехничките, техничко-технолошките или природно-математичките науки со исклучок на студиските програми од научните полиња на воено-техничките науки, сообраќај и транспорт, индустриско инжинерство и менаџмент, контрола на квалитет, животна средина и географија.

    За остварување на правото на паралелно студирање, студентот поднесува барања до Наставно - научниот совет на единицата, односно факултетот. Со барањата за паралелно студирање студентот приложува и уверение за постигнатиот успех на првата студиска програма. Правото за паралелно студирање на една дадена студиска програма на универзитетот студентот може да го користи само еднаш во текот на првиот циклус на студии.

    *Од паралелното студирање се иземени студиите на: Медицинскиот, Стоматалошкиот и Фармацевскиот факултет и Факултетот за музичка уметност, како единици, односно факултети на кои не може да се врши одобрување на паралелно студирање внатре во единицата, односно факултетот како и од од други единици, односно факултети на Универзитетот.

    За остварување на правото на паралелно студирање, студентот поднесува барања до Наставно - научниот совет на единицата, односно факултетот.  Со барањата за паралелно студирање студентот приложува и уверение за постигнатиот успех на првата студиска програма.  Положените испити на првата студиска програма се признаваат ако предметите од кои испитите се положени, по својата содржина и обем одговараат на наставниот предмет на втората студиска програма. Со признавање на испитот се признава и оценката со која студентот е оценет, како и кредитите во согласност со студиската програма.

  •  
  • Мирување на обврските на студентот

     На барање на студентот, обврските од статусот на студент ми мируваат и тоа:

    - за време на бременост;

    - за студент со дете до 1 (една) година старост;

    - за време на болест подолга од 1 (еден) семестар;

    - во случаи на мирување на работниот однос утврдени со соодвените законски прописи и со актите на Универзитетот, односно единицата. На студентот му мируваат обврските и:

    - за време на меѓународна размена на студентите во траење подолго од 30 дена во текот на одржување на наставата, доколку со наведената размена не се стекнуваат ЕКТС кредити;

    - за време на упатување на стручна пракса во траење од најмалку 6 (шест) месеци и

    - за време на подготовка за олимписки игри, европско или светско првенство кога има статус на член на репрезентацијата на Република Македонија.

    За време на траењето на мирувањето на обврските, а кои се поврзани со академската година, студентот може да ги полага заостанатите испитите за кои има исполнето услови со цел на стекнување на право на запишување во наредната година.  Студентот е должен да го активира мирувањето на обврските во рок од 30 дена по истекување на причините за мирување. Доколку студент не го активира мирувањето ниту ја запише наредната академска година ќе се смета дека настапило прекинување на студиите.

  •  
  • Премин од едни на други студии

     Во текот на студиите, студентот може да премине од едни на други сродни студии на исто ниво внатре во рамките на единицата, на Универзитетот или од некој друг универзитет, под услови утврдени со студиската програма, со тоа што преминувањето од едни на други студии не е допуштено во прва година на студии. Преминувањето на студентите се врши врз основа на решение за признавање на остварените ЕКТС кредити, по претходно доставено барање од студентот.  Доколку студентот од предиспитните активности  стекнал 42 поени од соодвениот предмет, поените му се признааат доколку истиот предмет е предвиден и во студиска програма на која што преминал студентот. Студентот што не стекнал 42 поени, го презапишува предметот. 
  •  
  • Преполагање на испит

     Студентот којшто не го положил испитот може да го преполага.

    Испитот од еден наставен предмет може да се повтори најмногу 4 (четири) пати, од кои четвртиот пат испитот се изведува пред комисија составена од 3 (три) члена, од наставници од исто или сродно наставно-научно подрачје.

    Преполагање на испит не е можно во ист испитен рок, туку само во наредниот испитен рок. Студентот кој и по четвртиот пат не успеал да го положи испитот е должен во наредната академска година повторно да го запише тој предмет. Студентот кој во наредната година повторно го запишал предметот се смета дека испитот по тој предмет во таа година го полага за прв пат, без оглед на тоа дали при првото запишување на тој предмет испитот веќе го полагал. За секое повторно запишување на предмет (кој студентот го повторува), студентот е должен да уплати соодветен паричен надоместок чија висина со одлука ја определува Универзитетскиот сенат.

  •  
  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

     Студентите од првиот циклус на студии завршуваат со положување на сите испити, изработка на дипломски труд/завршен испит, како и исполнување на сите други студиски обврски предвидени со студиската прогама на која што се запишал.

    „Студирањето на единиците на Универзитетот се завршува со полагањето на сите предвидени испити со студиската програма и изработка и одбрана на дипломски труд (за студиите во траење од 4/5/6 години 240/300/360 ЕКТС), односно полагање на завршен испит (за студиите во траење од три години 180 ЕКТС), во соработка со избраниот ментор.

    Темата за дипломскиот труд/ завршен испит студентот ја дефинира во договор со менторот од соодветната катедра/институт/оддел, најрано со запишувањето на последниот семестар од студиската програма.

    „Пријавата за изработка на дипломски труд и пријавата за полагање на завршен испит се поднесуваат во студентската служба на единицата во текот на последниот семестар од студиите.

    Пријавата за јавна одбрана на дипломски труд/пријавата за комисиско полагање на завршен испит се поднесува до студентската служба, заедно со потврдата за позитивната оценка на писмениот дел на дипломскиот труд/писмениот дел на завршниот испит најрано по положувањето на последниот испит од соодветна студиска програма.

    Јавната одбрана на дипломскиот труд/полагањето на завршниот испит се состои од усно излагање/презентација на темата и образложени заклучоци, како и одговори на прашања од комисијата во врска со презентацијата на темата и заклучоците. Во случај кога студентот нема да го одбрани дипломскиот труд/ не го положи завршниот испит, комисијата го повикува студентот на повторна одбрана на дипломскиот труд/ полагање на завршниот испит најдоцна во рок од 30 дена.

    Дипломскиот труд/завршниот испит се оценува со единствена оценка од 10 (А) до 5 (F). Оценката се донесува со мнозинство на гласови од членовите на комисијата.” Доколку студентот не го одбрани дипломскиот труд/положи завршниот испит и во повторениот рок се пристапува кон промена на темата за дипломски труд/завршен испит. 

  •  
  • ДОКУМЕНТИ ШТО СТУДЕНТИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ ОД WEB СТРАНИЦАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

     - изјава за активирање на студии

    - изјава за стекнување на статус на вонреден студент (ОБ.07.45 Изјава за вонредно студирање)

    - барање за паралелно студирање

    - изјава за стекување на статус на вонреден студент

    - барање за премин на други студии

    - барање за мирување на обврските од статусот студент

    - Пакетот на обрасците за изработка на дипломски труд (пријава за изработка на дипломски труд, тема за дипломски труд, потврда за позитивна оценка на писмениот дел на дипломскиот труд и пријава за јавна одбрана на дипломскиот труд).

    - Пакетот на обрасците за полагање на завршен испит (пријава за полагање на завршен испит, тема на завршен испит, потврда за позитивна оценка на писмениот дел од завршниот испит, пријава за комисиско полагање на завршен испит);

    - Документација за реализирање на процедурата за администрирање на апсолвентски стаж; 

  •  
  • УСЛУГИ ШТО СТУДЕНТИТЕ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТАТ ОД WEB СТРАНИЦАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

     - Платформа „е-учење“ на која студентите може да пристапат до е-курсевите за предметите од соодветниот семестар на студирање, каде што е објавена задолжителната и факултативната литература за предметите;

    - Е -библиотека каде студентите имаат пристап до основната и дополнителната литература за предметите од соодветните семестар;

    - Е - репозиторим преку којшто студентите имаат пристап до литература од соодветните и сродни области на студирање, и што може да ја користат при подготвување на испитите, изработка на проектните задачи и други активности во рамки на  наставно образовниот процес;

    - Списокот на менторите и темите за дипломски труд/завршен испит;

    - список на ментори на генерации за секоја единица во рамки на Универзитетот;

    - термини за консултации на професорите на секоја единица во рамки на Универзитетот;

    - студенски е-календар  

  •  
  • ВРЕМЕНСКА РАМКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА И ИЗЈАВИ ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА ПРОМЕНА И РЕГУЛИРАЊЕ НА СТАТУСОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

    - барање за паралелно студирање - најдоцна до 1 септември:

    - барање за премин на други студии – најдоцна до 1 септември

    - барање за мирување на обврските – најдоцна до 1 септември

     

  •   
  • Приговор заради оценка од проверка на знаењето

    (извадок од СТАТУТ)

    Член 109

    Студент, во рок од 24 часа, може да поднесе приговор до деканот, односно директорот на единицата, ако не е задоволен од завршното оценување, односно од оценката, или ако смета дека испитот не е спроведен во согласност со закон, актите на Универзитетот и правилникот на единицата.

    Ако деканот односно директорот утврди дека се исполнети условите од став 1 на овој член, наставникот ќе ја преиспита оценката од завршното оценување. Ако наставникот не ја преиспита оценката што ја утврдил, студентот испитот го полага пред тричлена комисија составена од наставници од исто или сродно наставно-научно подрачје, во наредните 24 часа, наредниот работен ден. Комисијата ја формира деканот, односно директорот.

    Наставникот кај кого полагал студентот не може да биде претседател на комисијата од претходниот став на овој член.

    Член 110

    По барање, на студентот му се овозможува да го повтори завршното оценување за повисока завршна оценка по наставен предмет во период од најмногу 4 (четири) месеци од полагањето. Доколку студентот

    на повтореното завршно оценување добие пониска оценка, таа е конечна и студентот нема право да го повтори завршното оценување.

     

  •