E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Истовремено студирање на две студиски програми (Паралелно студирање)

Студентите на универзитетот имаат право паралелно да студираат на две одделни студиски програми од прв циклус на студии, на една или на повеќе високообразовни установи. Студентите се ослободени од плаќање на трошоците за студирање на втората, и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан доколку:

- првата студиска програма ја има успешно завршено на првата академска година и ја завршува секоја наредна академска година со просек на оценките над 9 и

- втората и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан е од научното подрачје на биотехничките, техничко-технолошките или природно-математичките науки со исклучок на студиските програми од научните полиња на воено-техничките науки, сообраќај и транспорт, индустриско инжинерство и менаџмент, контрола на квалитет, животна средина и географија.

За остварување на правото на паралелно студирање, студентот поднесува барања до Наставно - научниот совет на единицата, односно факултетот. Со барањата за паралелно студирање студентот приложува и уверение за постигнатиот успех на првата студиска програма. Правото за паралелно студирање на една дадена студиска програма на универзитетот студентот може да го користи само еднаш во текот на првиот циклус на студии.

*Од паралелното студирање се иземени студиите на: Медицинскиот, Стоматалошкиот и Фармацевскиот факултет и Факултетот за музичка уметност, како единици, односно факултети на кои не може да се врши одобрување на паралелно студирање внатре во единицата, односно факултетот како и од од други единици, односно факултети на Универзитетот.

За остварување на правото на паралелно студирање, студентот поднесува барања до Наставно - научниот совет на единицата, односно факултетот.  Со барањата за паралелно студирање студентот приложува и уверение за постигнатиот успех на првата студиска програма.  Положените испити на првата студиска програма се признаваат ако предметите од кои испитите се положени, по својата содржина и обем одговараат на наставниот предмет на втората студиска програма. Со признавање на испитот се признава и оценката со која студентот е оценет, како и кредитите во согласност со студиската програма.