Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

За Македонија

 

За Македонија

Република Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров. Граничи со пет држави: Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово.

Вкупната површина на Република Македонија изнесува 25.333 км2, со водна површина од 477 км2 и земјена површина од 24.856 км2, а вкупниот број на населението е 2.022.547 жители.

Главен град на Република Македонија е Скопје, со вкупен број на жители од 467.257. Национална валута е денар.

За Штип

Штип е град во источниот дел на Република Македонија, во долината на реката Брегалница. Градот брои 47.796 жители. Тој е еден од најстарите градови во Р. Македонија, лоциран на површина од 810 км2. Градот се наоѓа на надморска височина од 300 м.

Градот Штип, кој веќе гордо го носи епитетот „студентски град“, може да се пофали со богат и атрактивен студентски живот, приспособен на разни вкусови и културни потреби на младите луѓе кои станале дел од студентскиот свет на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.  

Освен богатиот ноќен живот кој се одвива во широкиот избор на кафе барови, дискотеки, мали концертни настапи, прошетки во природа; не изостануваат и „задолжителните“ студентски забави кои се организираат еднаш до двапати неделно на разни локации.

Овде се и разните културни активности што ги организира Универзитетот во состав на Универзитетскиот културен центар, кои опфаќаат: филмски и театарски доживувања, концертни настапи на студенти и професори од Факултетот за музичка уметност, литературни и уметнички работилници и слични културни активности.

На годишно ниво, Штип може да се пофали и со веќе етаблирани фестивалски доживувања, веќе добро познати во Р. Македонија, но и во регионот. Во текот на октомври, Штип живее во духот на Фестивалот на забавна музика „Макфест“, кој постои веќе 26 години, потоа фестивалот посветен на џез музика, кој носи име „Астибо џез фестивал“ и се одржува во текот на пролетните месеци, како и DNB фестивалот „RUN” кој се одржува веќе во неколку изданија во текот на есента и претставува вистинско освежување, особено за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“.

Покрај тоа, студентите и младите љубители на хип-хоп музиката во текот на летните месеци можат да уживаат во единствено хип-хоп доживување кое го носи името „Штип – хоп фестивал“. Сето ова, да сумираме, го прави Штип град во кој студентскиот живот пулсира и од година во година станува сè побогат.

 

Трошоци за живеење

Основни трошоци за живеење на студентите се сместувањето и исхраната, кои се движат од 3.000 до 4.000 денари месечно (ако се сместени во Студентски дом).

Во случај на исхрана во сопствена режија, студентите имаат богат избор на ресторани и други трговски капацитети кои нудат храна, а оброк може да се најде по цени од 60 до 300 денари.

Сместување

На студентите им се на располагање повеќе капацитети – три студентски дома, сместување во приватниот сектор, а кога станува збор за пократок временски престој, хотелската понуда е разновидна – како по ранг така и по цени. Во студентските домови цената (со вклучена исхрана) изнесува од 3.000 до 4.000 денари месечно. Во приватниот сектор цените на легло се движат од 1.500 до 3.000 денари месечно. Цените за ноќевање во хотелите се од 1.500  до 6.000 денари.

Здравство и осигурување

Студентите имаат обезбедена квалитетна здравствена заштита. За таа намена, на располагање им се капацитетите на Универзитетската клиника во состав на Факултетот за медицински науки, потоа јавните установи Здравствен дом и Градска болница, како и приватните здравствени ординации. За студентите секоја година се организираат систематски здравствени прегледи. Сите студенти се осигурени од последица на несреќен случај преку колективно осигурување, за кое издвојуваат по 150 денари при запишувањето на студиската година.

Студенти со посебни потреби

Универзитетот „Гоце Делчев“ се труди на сите свои студенти, вклучувајќи ги и студентите со посебни потреби, да им ги обезбеди сите погодности пропишани со Статутот на Универзитетот. Во грижата за еднаков третман на сите студенти, Универзитетот „Гоце Делчев“ постави рампи во повеќе универзитетски кампуси, со што им овозможи на студентите со телесна попреченост лесен и едноставен пристап до факултетите.

  

Зошто да го одберете УГД?

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е државен универзитет, рангиран на второто место на листата на државни универзитети во Република Македонија.  Со целосно дигитализирана и квалитетна настава, најсовремена опрема и модерна технологија, Универзитетот стана и избор на голем број странски студенти кои ги живеат своите визии токму во Република Македонија.

Процентот на странски студенти кој од година во година расте, има длабоки причини. Студентите од околните земји, Бугарија, Грција, Србија, но и од подалечните: Холандија, Германија, Австралија го бираат УГД поради редица причини, но сите се сложни со тоа дека овде имаат идеални услови за студирање, огромен избор на студиски програми, како и одлични услови за престој во пријатна и професионална средина.

Во академската 2010/2011 година, Универзитетот го оформи Институтот за јазици при Филолошкиот факултет, чија улога, меѓу другото, е и подготвување на странските студенти за целосно студирање на македонски јазик.

Веднаш штом пристигнува, странскиот студент започнува со изучување на курс по македонски јазик, при што студентот посетува два курса со времетраење од 3 (три) месеци. По успешното завршување на овие курсеви, странски студенти можат да ја посетуваат редовната настава на македонски јазик на кој било од 12 факултети и три академии.

Курсевите кои се организираат во рамките на подготвителната настава на странските студенти се со почеток од октомври до декември и вториот со почеток од февруари до мај.


 Pavlinka Pavlova - Miteva

  Tel: +389 32 550 093

 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  Fax: +389 32 390 700

Address: „Krste Misirkov“  No.10-A P.O. Box 201 
Stip 2000 
Macedonia 

Трошоци на студирање

Школарината за странските студенти за учебната 2018/2019 година изнесува 500 ЕУР (во денарска противвредност) за еден семестар на сите единици на Универзитетот, освен на Факултетот за медицински науки, каде што школарината за еден семестар изнесува 750 ЕУР (во денарска противвредност), како и 100 ЕУР (во денарска противвредност) за лабораториски трошоци, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка.

Кандидатите кои ќе посетуваат курс по македонски јазик во траење од шест месеци, за што се добиваат сертификати за А1 и А2 ниво, потребно е да уплатат парични средства во износ од 1000 ЕУР во денарска противвредност на жиро-сметката што е наведена во договорот.

Во оваа категорија влегуваат и кандидатите - странски државјани чии родители или, пак, тие работат во дипломатските претставништва во Република Македонија.


 Pavlinka Pavlova - Miteva

  Tel: +389 32 550 093

 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  Fax: +389 32 390 700

Address: „Krste Misirkov“  No.10-A P.O. Box 201 
Stip 2000 
Macedonia