E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

УПИСИ 2017/2018 Г.

     
  • Конкурс за прв циклус 2017-2018

     Конкурс за прв циклус 2017-2018 - ТРЕТ УПИСЕН РОК 

    Дополнување на конкурс за прв циклус 2017-2018 - ТРЕТ УПИСЕН РОК 

     

    Се известуваат кандидатите кои ќе конкурираат на Факултетот за образовни науки на студиските програми:

    • Одделенска настава
    • Предучилишно воспитување
    • Педагогија и
    • Историја - наставна насока

    потребно е документите за упис да ги достават лично, поради проверка на психофизички способности.

  •  
  • Документи потребни за пријавување

    При ПРИЈАВУВАЊЕТО за запишување на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

    • пријава за запишување;
    • оригинални свидетелства од сите класови;
    • државна матура, меѓународна матура или училишна матура;
    • свидетелство за завршено средно образование;
    • извод од матичната книга на родените;
    • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
    • потврда за уплатени:
    • 300,00 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои не се врши проверка на знаење и умеење и уплата за административна такса од 50,00 денари;
    • 500,00 денари на жиро-сметка на Универзитетот за студиски програми за кои се врши проверка на знаење и умеење и уплата за административна такса од 50,00 денари.

    Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095

    Сметка на корисник 1600160330-788-18

    Приходна шифра 723019

    Програма 44

    Oбразец ПП-50

  •  
  • Документи за запишување на УГД 2017-2018

    Прв циклус студии

    1. Индекс
    2. Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5)
    3. Пријавни листови:
    • Розов лист (за прв семестар)
    • Семестрален лист (за прв семестар)
    • Договор за студирање
    • Две уплати по 50 денари за административна такса

    Жиро-сметка на Буџет на РМ 100000000063095

    Банка на примач: НБРМ

    Уплатна сметка 840 174 03161

    Приходна шифра 722313

    Програма 00

    • Потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година и склучен договор со компанијата за периодот за целокупното студирање.

     

    1. Потврда за уплатени 6,125.00 денари – за партиципација (прва рата) – за редовни студенти во државна квота за сите факултети. За дисперзираните студии партиципацијата изнесува 3,065.00 денари.
    • Потврда за уплатени 12,250.00 денари – за партиципација (прва рата) – за редовни студенти со кофинансирање за сите факултети. За дисперзираните студии партиципацијата изнесува 3,065.00 денари.
    • Потврда за уплатени 12,250.00 денари – за партиципација (прва рата) – за вонредни студенти за сите факултети.

    Жиро -  сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095

    Сметка на буџетски корисник: 1600160330

    Единка 788, Корисник 18

    Приходна шифра: 723012

    Програма 44

    Образец ПП50

     

    1. Потврда за уплатени 400,00 денари – за материјални трошоци и за солидарна одговорност на ниво на Универзитет.

    Жиро -  сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095

    Сметка на буџетски корисник: 1600160330

    Единка 788, Корисник 18

    Приходна шифра: 723019

    Програма 44

    Образец ПП50

     

    1. Потврда за уплатени 300,00 денари за надомест за книжен фонд на Универзитетот.

    Жиро -  сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095

    Сметка на буџетски корисник: 1600160330

    Единка 788, Корисник 56

    Приходна шифра: 723019

    Програма 44

    Образец ПП50

     

    1. Потврда за уплатени 150,00 денари за студентски парламент.

    Жиро -  сметка на ЗСПУ „Гоце Делчев“ Штип: 200002248241063

    Стопанска банка

    Образец ПП10

     

    1. Потврда за уплатени 760,00 денари за информатички и културни активности.

    Жиро -  сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095

    Сметка на буџетски корисник: 1600160330

    Единка 788, Корисник 60

    Приходна шифра: 723119

    Програма 44

    Образец ПП50

     

    1. Потврда за уплатени 1,000.00 денари за потрошен лабораториски материјал / теренска настава.

    Жиро -  сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095

    Сметка на буџетски корисник: 1600160330

    Единка 788, Корисник 18

    Приходна шифра: 723014

    Програма 44

    Образец ПП50

     

    1. Потврда за уплатени 500,00 денари за упис на прв семестар

    Жиро - сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип : 100000000063095

    Сметка на буџетски корисник: 1600160330

    Единка 788, Корисник 18

    Приходна шифра: 723019

    Програма 44

    Образец ПП50

     

    1. Потврда за уплатени 390.00 денари за спортски активности

    Жиро -  сметка на Универзитетски спортски центар – Штип

    Банка на примачот: Стопанска банка

    Сметка: 200001926783548

    Образец ПП10

  •  
  • Модул за електронско пријавување на кандидати на конкурс

  •  
  • Преглед на резултати од рангирање

  •  
  • Рокови за пријавување, проверка на знаење и умеење и запишување

     

    РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ 2017/2018 ГОДИНА I УПИСЕН РОК II УПИСЕН РОК III УПИСЕН РОК
    ВИД НА СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
    Со проверка на знаење и умеење Без проверка на знаење и умеење Со проверка на знаење и умеење Без проверка на знаење и умеење Со проверка на знаење и умеење Без проверка на знаење и умеење
    Пријавување на кандидатите 14, 15 и 16 август 14, 15 и 16 август 24 и 25 август 24 и 25 август 4 и 5 септември 4 и 5 септември
    Објавување на резулати од успехот во средно образование 21 август 21 август 31 август 31 август 11 септември 11 септември
    Проверка на знаење и умеење* 17, 18 и 19 август / 26, 29 и 30 август / 6 и 7 септември /
    Објавување на резултати од проверката на знаење и умеење 21 август / 31 август / 11 септември /
    Објавување на решение за прием на кандидатите 23 август 23 август 2 септември 2 септември 13 септември 13 септември
    Запишување на кандидатите 24 и 25 август 24 и 25 август 4 и 5 септември 4 и 5 септември 14 и 15 септември 14 и 15 септември

    * I (прв) уписен рок – Приговори по прелиминарно објавени резултати на 22 август

    * II (втор) уписен рок – Приговори по прелиминарно објавени резултати на 1 септември

    * III (трет) уписен рок – Приговори по прелиминарно објавени резултати на 12 септември

  •   
  • Категории студенти ослободени од плаќање партиципација

    УНИВЕРЗИТЕТОТ НЕМА ДА НАПЛАТУВА ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА:

    • лица без родители;
    • лица од прв степен на инвалидност;
    • воени инвалиди;
    • лица растени во домови за напуштени деца.

    Универзитетот ќе наплатува половина од износот на уписнината во рамки на државната квота, односно во рамки на квотата со кофинансирање на студиите, во учебната 2017/2018 г. за студенти чие родителско право го врши само еден родител, и тоа:

    • еден (1) студент за секоја студиска програма за која се определени од 20 до 40 места во државна квота и еден (1) студент за секоја студиска програма за која се определени од 20 до 40 места во квотата со кофинансирање на студиите;
    • двајца (2) студенти за секоја студиска програма за која се определени повеќе од 40 места во државна квота и двајца (2) студенти за секоја студиска програма за која се определени повеќе од 40 места во квотата со кофинансирање на студиите.

    Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Македонија.

    *При пријавувањето кандидатот е обврзан да поднесе официјален документ од соодветната институција зависно на која категорија (од наведените) ѝ припаѓа.

  •   
  • Информација за тестирање на знаења и умеење

    ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА

    Тестирањето на знаење и умеење на кандидатите за упис на студиските програми Класично сликарство и Вајарство трае 3 дена и ќе се тестира:

    Класично сликарство

    1 ден - Цртање портрет

    2 ден - Цртање акт

    3 ден - Сликање мртва природа со акварел

    Вајарство

    1 ден - Цртање портрет

    2 ден - Цртање акт

    3 ден - Вајање слободна форма во глина

    Секоја поединечна задача се изведува во времетраење од 4 часа.

    МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА

    ПРИЕМЕНИ ИСПИТИ ЗА СТУДИСКАТА 2017/2018 година

    Студиска програма: Теорија на музиката и музичка педагогија

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈА)

    • Градење на зададени тризвуци
    • Градење на тризвуци и четиризвуци со зададен басов тон
    • Градење на квинтакорди во зададени тоналитет со зададени стапала

    Литература:

    1. Marko Tajcevic. 1962. Osnovna teorija muzike.Beograd: Prosveta

    III – ДЕЛ (ПИЈАНО)

    • Полифона композиција по избор
    • Соната по избор
    • Етида по избор
    • Композиција по слободен избор

    Студиска програма: Етнокореологија

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА)

    Практични познавања од етнокореологијата

    • игроорски предиспозиции
    • игроорен репертоар
    • синхронизирани вежби
    • методика на народни ора

    Теориски познавања од етнокореологијата

    Литература:

    1. Јаневски Владимир, Главни карактеристики на игроорните подрачја, Зборник на трудови II, Илинденски денови, Битола 2010.

    Студиска програма: Музичар изведувач (флејта, обоа, кларинет, хорна, труба, тромбон, туба, виолина, виола, виолончело, контрабас)

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (МУЗИЧАР ИЗВЕДУВАЧ)

    • Етида по избор
    • Виртуозна пиеса
    • Циклично дело

    Студиска програма: Музичар изведувач (пијано)

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (ПИЈАНО)

    • Полифона композиција по избор
    • Концертна етида по избор
    • Соната по избор
    • Композиција по слободен избор

    Студиска програма: Соло пеење

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (ВОКАЛНО ПЕЕЊЕ)

    Изведба на три композиции од различни епохи:

    • Стара класика
    • Романтизам
    • Арија

    Кандидатот одбира по сопствен избор со кои композиции ќе се претстави.

    Студиска програма: Џез студии (џез гитара, џез бас, џез тапани, џез саксофон, џез труба, џез пијано)

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Слушање, препознавање на интервали, тризвуци и нивно пеење

    II – ДЕЛ (ПИСМЕН ТЕСТ)

    • Теорија – Историја

    Литература:

    • The History of Jazz – Ted Gioia (или извор по слободен избор на кандидатот)
    • Тhe Jazz Theory Book – Mark Levine (или извор по слободен избор на кандидатот)

    III – ДЕЛ (МАТИЧЕН ИНСТРУМЕНТ)

    • Блуз композиција (слободен избор)
    • Џез стандард (слободен избор)

    Литература:

    • The Real Book – Jazz Standards (или извор по слободен избор на кандидатот)

    Студиска програма: Чалгиска музика (канон, ут, кларинет, виолина)

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Слушање, препознавање на интервали, тризвуци и нивно пеење

    II – ДЕЛ (ПИСМЕН ДЕЛ)

    • Теорија

    Литература:

    • Боривоје Џимревски, Чалгиската традиција во Македонија, Скопје 1985, стр. 7- 12

    III – ДЕЛ (МАТИЧЕН ИНСТРУМЕНТ)

    • Мелодиски линии по слободен избор

    Студиска програма: Музичко-сценски режисер

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (ВОКАЛНО ПЕЕЊЕ)

    Изведба на три композиции од различни епохи:

    • Стара класика
    • Романтизам
    • Арија

    Кандидатот одбира по сопствен избор со кои композиции ќе се претстави.

    Студиска програма: Композиција

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат - во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на тризвуци

    II – ДЕЛ (ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈА)

    • Градење на зададени тризвуци
    • Градење на тризвуци и четиризвуци со зададен басов тон
    • Градење на квинтакорди во зададени тоналитет со зададени стапала

    Литература:

    1. Marko Tajcevic. 1962. Osnovna teorija muzike. Beograd: Prosveta

    III – ДЕЛ (ПИЈАНО)

    • Полифона композиција по избор
    • Соната по избор
    • Етида по избор
    • Композиција по слободен избор
  •  
  • Универзитетска конкурсна комисија

    • Проф. д-р Кирил Барбареев – претседател
    • Проф. д-р Татјана А. Пачемска – член
    • Проф. д-р Лилјана Колева-Гудева – член
    • Проф. д-р Ристе Темјановски – член
    • Димитар Љуботенски – член
  •  
  • Приговори од уписи

  •  
Лице за информации:
Христина Ампова, тел. 032 550 840

Локација: