E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Префрли се на УГД

Како да се префрлам на УГД

Универзитет „Гоце Делчев“ овозможува премин на студенти од други универзитети на УГД, како и премин на студенти помеѓу факултетите и студиските програми кои ги нуди Универзитетот.

Премин од една на друга единица во рамките на Универзитетот и/или премин од друг универзитет на УГД може да прават редовни и вонредни студенти само еднаш во текот на една календарска година, и тоа пред почетокот на зимскиот семестар.


Процедурата за премин на студенти во Универзитетот или од друг универзитет на УГД е едноставна и брза.

Редовните и вонредни студенти кои сакаат да се префрлат од друг универзитет на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип треба да поднесат:

- барање за премин од друг универзитет на УГД (односно барање за премин од една единица на друга единица кое се добина од Студентска служба) и доказ за уплата на административна такса од 50 денари;
- уверение за положени испити;
- доколку студентот сака да му се признаат положените испити (согласно со уверението за положени испити) доставува барање (се добива од студентска служба)  за признавање на положени испити и доказ за уплата на административна такса од 50 денари.

Овие документи треба да се поднесат до референтот во Одделот за студентски прашања на факултетот каде што студентот сака да се префрли.
Наставничкиот совет на факултетот го разгледува барањето и го доставува до комисијата за настава, којашто треба да одлучи по истото.
Доколку барањето се одобри, студентот кој се префрла од друг универзитет треба да достави  исписница, уплата од 2000 денари за префрлувањето и уплата од по 200 денари за секој признат испит (доколку ги има) и на тој начин да биде комплетирано неговото досие на новиот факултет.
Повеќе информации за потребните документи и начинот на префрлање од друг универзитетот на УГД ќе добиете од службата за студентски прашања за соодветниот факултет.