Search
|     contact@ugd.edu.mk

Професор од Израел ќе одржи предавање на Факултетот за медицински науки

Споделете

Проф. д-р Шаи Мелцер од „Биомед иновации“ во Израел ќе одржи предавање пред студентите на Факултетот за медицински науки и сите останати заинтересирани.

Предавањето е на тема „Straight forward med-tech innovations emphasizing the characterizations of unmet medical needs and collaboration with tech professionals – engineering, digital, AI etc.“, кое ќе го одржи проф. д-р Шаи Мелцер од „Биомед иновации“, Израел.

Предавањето ќе се одржи на 27 мај 2024 г. (понеделник), во свечената сала на Кампус 2, со почеток во 11.30 часот. По завршување на предавањето, присутните ќе имаат можност активно да се вклучат во дискусија, поставувајќи прашања поврзани со темата.

Предавањето е од суштинско значење, бидејќи ја истакнува важноста на мултидисциплинарниот пристап кога станува збор за обезбедување на нови здравствени иновации, од кои бенефит, пред сѐ, ќе имаат пациентите.