На 5 декември 2024 година, со почеток во 12 часот, во Судницата на Правниот факултет при УГД – Штип ќе се одржи симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права.
Настанот ќе биде изведен од страна на студентите кои претходно учествувале на меѓународни натпревари по истата тематика.
Со овој настан ќе го одбележиме и Меѓународниот ден на човековите права, а истиот е дел од активностите на Центарот за меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“, кој е член на Open Council of Europe Academic Networks (OCEAN) мрежата при Советот на Европа.
Настанот е отворен за сите студенти, како и за идните студенти, кои се заинтересирани да стекнат познавање од меѓународното право и заштитата на човековите права.