Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Вебинар на тема: „Руска философија: од краевите кон почетоците“

25 декември 2021 г. (сабота) во 12.00 часот

Институтот за применета философија и етика при ФОН на УГД во соработка со Филозофското друштво на Македонија, а во рамките на идејата за претставување на незападни философски традиции, го организира вториот вебинар, овој пат за руската философска традиција.

Вебинарот ќе се одржи во сабота, на 25.12.2021 година во 12 часот, на тема „Руска философија: од краевите кон почетоците“, а ќе говори проф. д-р Трајче Стојанов.

Настанот ќе го отвори и поздрави третиот секретар на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Игор Хопрјачков.

Ова е втор вебинар од серијалот „Незападни философски традиции“ кој го организира Институтот за применета философија и етика при ФОН. Од Факултетот велат дека идејата е да се фрли светло на неколку „нетипични“, т.е. незападни философски традиции, како кинеската, руската или турската и иранската, и да се запознаат тие култури преку нивната философија.

Вебинарот е поддржан од Амбасадата на Русија во Северна Македонија. Настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани, а ќе се одржува онлајн преку платформата Teams на следниот линк:

Click here to join the meeting