Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Вебинар „Туризмот во ковид-19 и неговата постковид иднина“

27 мај 2021 г. (четврток) - 13:00 часот.

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип организира вебинар на тема „Туризмот во ковид-19 и неговата постковид иднина”.

Овој вебинар има за цел да даде осврт кон импликациите на пандемијата врз туризмот: Како може да се обнови туризмот по ковид-19? Какви се реперкусиите од влијанијата на ковид-19 врз туризмот во нашата земја? Како може да се развие нова парадигма во туризмот за да се обезбеди одржлива иднина?

Настанот ќе го отворат проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, и проф. д-р Татјана Бошков, декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Вебинар учесници:

  1. Љупчо Јаневски – директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Тема „Влијанието на kовид-19 врз туристичките дестинации и микротуристичките дестинации во РС Македонија”;

  1. Доц. д-р Наташа Митева – продекан на Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев” – Штип

Тема „Можностите кои дигиталниот маркетинг ги нуди за туризмот во време на пандемијата предизвикана од ковид-19

Вебинарот ќе се одржи во четврток (27.5.2021 г.) во 13 часот на платформата Microsoft Teams.

             Линк до вебинарот: Join conversation (microsoft.com)