Соопштенија
Упис на парен семестар и пријавување на испити во Февруарска двојна сесија 2020/2021 година
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за упис на парен семестар и пријавување на испити во Февруарска (двојна) сесија 2020/2021 година.
За студентите од прв циклус на студии започнувајќи од студиска програма (генерација) 2009/2010 година и за сите идни генерации, упис на семестар и пријавување на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од прв циклус на студии од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 наведеното се реализира на шалтер на студентска служба со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испити, административна такса и физички пријави.
Согласно календарот на годишни активности терминот за упис на парен семестар во учебна 2020/2021 година е од 18.01.2021 до (заклучно со) 07.02.2021 (23:59 часот).
Предуслови за упис на парен семестар:
- Заверен непарен семестар;
- Расположливи средства од:
Термините за реализација на испити во Февруарска (двојна) испитна сесија се:
- Пријавување на испити: Од 18.01.2021 (00:00 часот), до (заклучно со) 24.01.2021 (23:59 часот),
- Полагање на испити:
- Февруарска Прва сесија 2020/2021 година: Од 25.01.2021 до (заклучно со) 04.02.2021, и
- Февруарска Втора сесија 2020/2021 година: Од 05.02.2021 до (заклучно со) 14.02.2021.
Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение:
Covid 19 инфо