Соопштенија
Заверка на непарен семестар во учебна 2020/2021 година
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека согласно календарот на годишни активности терминот за заверка на непарен семестар во учебна 2020/2021 година е продолжен заклучно со 24.01.2021 година.
Предуслови за заверка на непарен семестар се:
- Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);
- Проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);
- 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).
Covid 19 инфо