Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2021/2022 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2021/2022 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во период од 01.09.2021 до (заклучно со) 30.09.2021 година.

Напомена: Студентите кои веќе имаат услов за повисока студиска година, запишуваат апсолвентски семестар или запишуваат година по втор или повисок пат (и не планираат пријавување на испити од предмети кои ќе се презапишат во тековните сесии), може да го сторат тоа без влијание на тековната и претстојните сесии. Оние што очекуваат да исполнат услов, запишувањето на семестар е потребно да го реализираат по стекнувањето со оцени од Септемвриска (двојна) испитна сесија 2021 година.

Во прилог е легенда на потребните уплати за:

  • Прв циклус - сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен (1, 3, 5, 7, 9 и 11) по прв пат, втор пат, трет пат или повисок пат.

 

Прв циклус на студии:

 

Потребни кредити за упис на повисок непарен семестар:

-       За упис на 3-ти семестар се потребни минимум 36 кредити;

-       За упис на 5-ти семестар се потребни минимум 90 кредити;

-       За упис на 7-ми семестар се потребни  минимум 150 кредити;

-       За упис на 9-ти семестар се потребни минимум 210 кредити, и

-       За упис на 11-ти семестар се потребни 270 кредити.