Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Заверка на парен семестар 2022

Се информираат студентите дека според календарот на активности за учебна 2021/2022 година во тек е рокот за заверка на парен семестар.

Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.

Согласно соодветните тарифници:  

- за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019;

- за втор и трет циклус на студии, финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.