Ara
|     contact@ugd.edu.mk

Merkezler

Како поддршка и дополнување на работата на факултетите и академиите, во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ успешно функционираат и 10 центри со различен фокус.

Центрите се формирани заради поттикнување и имплементирање на наставата и научно-исражувачката дејност, спроведување и употреба на современи методи на работа во образовниот процес, како и изведување на информатички и електронско-административни активности.

Е-индекс

Сите административни услуги на студентите при УГД им се достапни онлајн во секое време преку сервисот Е-индекс.

Регистрација и заверка на семестар, пријавување испити и проектни задачи, електронско плаќање, електронски резултати, електронска огласна табла, како и електронска комуникација и консултација со наставничкиот и соработничкиот кадар – сето тоа е дел од можностите што им се нудат на студентите преку овој електронски сервис.

Повеќе информации се достапни на students.ugd.edu.mk

Е-библиотека

Преку Е-библиотеката Универзитетот „Гоце Делчев“ на своите студенти им обезбедува брз, едноставен и бесплатен пристап до потребната литература.

Библиотеката e развиена за одржување онлајн ресурси и услуги за поддршка на сегашните и идните потреби за настава и учење на Универзитетот. Сите објавени наслови во Е-библиотеката се бесплатни е-книги

Повеќе информации се достапни на e-lib.ugd.edu.mk

Центар за електронско учење

Со цел на студентите и научно-наставниот кадар да им се стави на располагање технологијата во насока на подобрување на едукацијата и поттикнување на самостојното учење, во рамките на УГД функционира Центарот за електронско учење.

Преку Центарот се ставаат на располагање различни современи онлајн алатки и голем број корисни и едукативни содржини, до кои студентите можат да пристапат и да учат во секое време и од секое место во зависност од потребите и можности.

Повеќе информации се достапни на ceu.ugd.edu.mk

ИТ центар

Универзитетот „Гоце Делчев“ располага со екстензивна информатичка мрежа и голем број е-сервиси, кои се достапни на студентите и вработените 24 часа 7 дена во неделата.

За сите тие да функционираат постојано и без никакви ограничувања и проблеми, се грижи ИТ Центарот при УГД, кој го одржува информатичкиот систем и компјутерската мрежа, и овозможува корисничка поддршка за дигиталните сервиси.

Повеќе информации се достапни на it.ugd.edu.mk

Центар за односи со јавноста

Заради редовно и навремено информирање на јавноста за функционирањето и активностите на Универзитетот, во рамките на УГД успешно функционира Центарот за односи со јавност, во чии рамки се наоѓаат и универзитетските медиуми: радио, ТВ, весници, веб и дигитални канали преку кои се промовира Универзитетот.

Центарот е одговорен и за организација на сите настани, свечености, трибини и прес-конференции поврзани со работењето на УГД.

Повеќе информации се достапни на coj.ugd.edu.mk

Центар за кариера

На УГД, знаеме дека покрај квалитетното образование, многу е важно да им се помогне на студентите и во кариерното насочување и барање на вработување.

За оваа цел функционира Центарот за кариера, каде што се работи директно со студентите и им се помага максимално да го искористат својот потенцијал и интереси во професионална кариера која одговара за нив, но и во која можат најмногу да придонесат и да се развијат како професионалци.

Центарот тесно соработува и со бизнис заедницата и претставува мост што ги спојува идните вработени и работодавачите.


Повеќе информации се достапни на ckr.ugd.edu.mk

Центар за доживотно учење

Покрај формалното образование, Универзитетот „Гоце Делчев“ е фокусиран на работа и на неформалното образование, т.е. на развој на знаења и вештини на возрасни лица, кои ќе ги направат поконкурентни на пазарот на трудот и ќе им овозможат побрзо и соодветно вработување. Ова е овозможено преку Центарот за доживотно учење, преку кој се организираат разни обуки, тренинзи и курсеви, насочени кон стекнување или усовршување на професионалните компетенции на невработените. Повеќе информации се достапни на cdu.ugd.edu.mk

Центар за квалитет

Центарот за обезбедување на квалитет се грижи за спроведување и одржување на стандардите на високото образование, постојано зголемување на квалитетот на образованието што го добиваат студентите и подобрување и унапредување на образовниот процес и активности, преку утврдување на процедури за квалификациите и компетенциите на наставничкиот кадар и надзор при нивната имплементација на истите. Повеќе информации се достапни на cok.ugd.edu.mk

Меѓууниверзитетска соработка

УГД посветува особена важност на воспоставувањето соработка и партнерски односи со други универзитети и организации надвор од државата, за што го има основано Центарот за меѓународна соработка.

Преку овие партнерства им се овозможува на студентите и вработените да учествуваат во разни програми и проекти во странство и на тој начин да добијат значајно знаење и искуство од други добри примери, кое можат да го искористат во својата едукација и кариера.

Во рамките на овој Центар се реализира и програмата Еразмус+.

Повеќе информации се достапни на cmus.ugd.edu.mk

Универзитетски спортски центар

За развивање и унапредување на спортските активности, на располагање на студентите, вработените и на заедницата се наоѓа и Спортскиот центар при УГД. Во рамките на Центарот се опфатени повеќе спортови, а во моментот активно функционираат и неколку спортски клубови. На организирано ниво, на студентите им се дава можност да учествуваат и во неформални спортски активности како што се меѓууниверзитетските и меѓуфакултетските турнири и натпревари. Повеќе информации се достапни на usc.ugd.edu.mk