Вести и настани
Доделени наградите на најдобрите на УГД Спортските лиги 2021
photo one

23.06.2021
Универзитетскиот спортски и културен центар, под посебни протоколи и услови поради ковид пандемијата, по деветти пат ги организираше УГД Спортските лиги...

(Видео) УГД дел од тимот кој ќе развива програма за двојни кариери кај спортистите
photo one

02.07.2021
Преку проект кој е насловен како „Тениски клуб за двојни кариери“, Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со неколку други спортски организации и институции од странство ќе креира програми за обука на спортистите да имаат двојни кариери...

Државни универзитетски лиги
photo three

Од своето основање во 2007 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ зема учество во меѓууниверзитетските натпревари организирани и поддржани од Универзитетската спортска федерација на Република Македонија и станува рамноправен член во оваа федерација.
Почнувајќи од 2007 година, студентските спортски екипи на Универзитетот „Гоце Делчев“ во мал фудбал, кошарка, пинг-понг и шах учествуваат во:
системот на натпревари државни универзитетски лиги на Република Македонија;
државни универзитетски куп натпревари на Република Македонија.

Меѓународни натпреварувања

Спортистите на Универзитетот „Гоце Делчев“, покрај забележителните резултати на државните натпревари, имаат и забележителни настапи и постигнувања на меѓународните универзитетски натпревари.
За истакнување се двете учества и постигнувањата на каратистите на Универзитетот „Гоце Делчев“ на универзитетските карате шампионати...

image