Search
|     contact@ugd.edu.mk

Четврта студентска конференција „Критички прашања во земјоделството и животната средина“

Споделете

Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го организираше четвртото издание на Студентската конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“. Конференцијата се организира во рамките на Деновите на млади истражувачи, која започна вчера, а ќе трае до петок, 10 ноември.

– На наше задоволство, имаме присутни претставници не само од Земјоделскиот факултет на УГД, туку и од другите релевантни институции кои работат во областа на земјоделското производство. Сесиите на студентите се поделени во две групи – на студентите од прв и на студентите од втор и трет циклус студии. Оваа година одзивот е на задоволително ниво, што е на наше задоволство како Организациски одбор на Земјоделски факултет – изјави деканката на Земјоделски факултет, проф. д-р Емилија Арсов.

Темата на конференцијата – земјоделството и животната средина, климатските промени е актуелна и ќе станува уште позначајна во иднина, смета деканката Арсов:

– Вчерашната работилница буквално беше во насока на климатските промени, како влијаат на земјоделското производство, а така и оваа конференција, неколку години наназад, уште пред ковид-пандемијата почна со оваа традиција за организирање и студентите под менторство на професорите разработуваат актуелни теми кои го опфаќаат и земјоделското производство и животната средина. Оваа година интересот од студентите е на задоволително ниво. Минатата година имавме 18, оваа година 28 усни презентации од страна на студентите, што значи дека од година во година се надевам дека сме и ќе бидеме подобри, што всушност е и нашата цел.