Search
|     contact@ugd.edu.mk

Уписи

Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.

Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв циклус на универзитетски и професионални студии. 

Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.