Се известуваат студентите од прв циклус на студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип дека почнувајќи од лето 2016/2017 (пракса која е услов за упис на повисока студиска година во учебна 2017/2018 година), почнува да се применува нов начин за издавање и процесирање на упатницата за реализација на студентската пракса, што е услов за упис на повисока студиска година, целосно преку е-индекс:
– Креирање на запис во електронскиот индекс (со сите потребни информации), генерирање на документот и печатење од страна на самиот студент;
– Реализација на праксата во избраната компанија и верификација на упатницата и пополнетиот (од страна на студентот) дневник за пракса од страна на одговорното лице во компанијата, и
– Приложување на верифицираната упатница (со потпис/печат од компанијата) на студентски прашања заради складирање во досието и регулирање на исполнетиот услов за упис на повисока студиска година во еиндекс, како и приложување на верифицираниот дневник за пракса кај менторот на ниво на факултет (продекан за настава).
Напомена: возможно е генерирање на упатница и за претходните учебни години, доколку студентот во моментот не располага со документација за реализирана пракса во минатото.
Потребните чекори се дадени во следното УПАТСТВО.