Search
|     contact@ugd.edu.mk

Упис на парен семестар во учебна 2023/2024 година

Споделете

Почитувани,

Ве потсетуваме дека се наближува крајниот рок за упис на парен семестар – 18 февруари 2024 год. Неопходно е најдоцна до овој датум да го запишете парниот семестар, заедно со изборните предмети, со цел ваше навремено додавање во сите потребни групи во рамките на Microsoft Teams платформата и следење на наставата која започнува 19 февруари 2024 год. (оние кои нема да запишат семестар нема да бидат додадени во тимовите).

Предуслови:

  • Заверен непарен семестар во учебна 2023/2024 година со целосно исплатени трошоци,
  • Уплата на потребните трошоци за упис на семестар:

Напомена: Студенти во квота со кофинансирање, вонредни и странски студенти може да платат минимум половина од партиципацијата при упис на парен семестар (во прилог сумите во денари):

Категорија на студенти Износ на партиципација за цел семестар Половина од износот во денари (минимум за упис на парен семестар)
Со кофинансирање, вонредни 400 евра (24.500 денари) 200 евра (12.250 денари)
Странски државјани (или македонски државјани на англиски програми на правен факултет) 500 евра (30.625 денари) 250 евра (15.315 денари)
Странски државјани 750 евра (45.940 денари) 375 евра (22.970 денари)

За сите прашања, ве молиме обратете се на студентски прашања (https://www.ugd.edu.mk/fakulteti-akademii/) / странски студенти – на dimitar.ljubotenski@ugd.edu.mk.