Search
|     contact@ugd.edu.mk

Преку посета на Стопанската комора студентите учат од бизнисот

Споделете

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја посетија Стопанската комора на Македонија како најголема бизнис-асоцијација.

Тие се запознаа со работата на оваа институција во која членуваат најголем број компании во земјата.

Студентите учествуваа на трибината на која еминентни претставници на бизнис секторот дискутираа за состојбите во бизнисот и македонската економија.

Бизнисот едногласно посочи дека младите луѓе треба да бидат моторот на идниот развој на државата и дека тие се целосно подготвени да соработуваат со универзитетите, со цел младите луѓе да стекнат практични вештини и претприемничко знаење кое подоцна ќе го искористат за вработување во приватниот сектор и отворање на сопствени бизнисот.

Со оваа активност Универзитетот „Гоце Делчев“ го започнува проектот „Студентите учат од бизнисот” преку кој студентите ќе можат во текот на своите студии да учат од бизнисот и преку практична работа да се стекнат со знаење кое ќе им помогне полесно да се вработат по завршувањето на студиите.