Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, одржа предавање пред студентите на Правен факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Тема на предавањето беше „ЕУ нема да чека засекогаш“, при што амбасадорот Јан Коп се задржа на политиката за проширување на Европската Унија, предизвиците и можностите за Северна Македонија на патот кон членство во Унијата.Амбасадорот Коп се осврна на актуелните состојби во поглед на евроинтеграциските процеси на земјата, при што пред студентите говореше и за проблемот со уставните измени и барањата на Бугарија. Според него, уставните измени се само еден од условите за напредок на патот кон пристапување на РСМ во ЕУ, но еднакво се важни и сите реформи кои државата ќе мора да ги направи.
По предавањето на тема „ЕУ нема да чека засекогаш” следеше отворена дискусија во која се вклучија и студентите.
Амбасадорот Дирк Јан Коп пред предавањето имаше средба и со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за наука, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, и деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.